Забава

Били Ајлиш ќе ја изведува водечката песна за новиот Џејмс Бонд

Поп-sвездата Били Ајлиш ја сними водечката песна за новиот филм за Џејмс Бонд „Нема време за умрање“.

Американската пејачка, која наполни 18 години минатиот месец, е најмладиот музичар во историјата што напишала и снимила песна за оваа филмска франшиза.

„Лудо е да се биде дел од ова во секоја смисла“, рече пејачката, која ангажманот го нарече „голема чест“.

„Џејмс Бонд е најкул филмска франшиза. Сè уште сум во шок“,додава таа.

Последните две песни на Бонд, „Skyfall“ на Адел и „Writing’s On The Wall“ на Сем Смит од „Spectre“, освоија „Оскар“.

Ајлиш ја напиша песната со нејзиниот брат Финас О’Конел, со кого го направи и нејзиниотдеби албум „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ номиниран за награда „Греми“.

„Пишувањето песна за Бонд е нешто за што сме сонувале целиот живот“, рече О’Конел.

„Среќни сме што имаме мала улога во таква легендарна франшиза. Да живее 007. “

Бонд песната обично се објавува еден месец пред премиерата на филмот – „Нема време за умрање“ ќе се најде во кината на 3 април.

Продуцентите на Џејмс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи ја опишаа песната на Били Ајлиш како „неверојатно моќна и жива“, додавајќи дека таа е „вешто дизајнирана да ја следи емотивната приказна на филмот“.

„Нема време за умрање“ е последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд – го гледаме пензионираниот агент како ужива во мирен живот во Јамајка. Непотребно е да се каже, тоа не трае долго.

Неколку уметници се најдоа во изборот за насловната песна, меѓу кои и Дуа Липа и Бијонсе – која ги поттикна гласините позирајќи со чаша вотка мартини на социјалните медиуми.

Ајлиш, исто така, навести за соработката на Инстаграм, објавувајќи неколку фотографии од филмот во последните 24 часа.

Поврзани вести

Младите милијардери и нивните царства

Психолошки профил на родените во знакот Близнаци

Елена Даскалова

Бритни Спирс ќе ја има првата самостојна изложба

Стивен Спилберг нема да го режира новиот Иднијана Џонс

Кристина Денесовска

Мелани Грифит си го уништила лицето со пластични операции

Кристина Денесовска

Џејсон Момоа: Гладував по улогата во „Игра на тронови“

Stefanija Kuzmanovska