Забава МАГАЗИН

Били Ајлиш веќе не чита коментари на Инстаграм

Младата музичка ѕвезда Били Ајлиш неодамна откри дека престанала да чита коментари на социјалните мрежи, особено на нејзиниот профил на Инстаграм.

Во интервју за Би-би-си, Ајлиш била прашана дали и понатаму чита сè што е напишано во коментарите на Инстаграм, на што таа одговорила дека веќе не чита ништо преку социјалните мрежи.

„Тоа ми го уништуваше животот, одново и одново“, била искрена Били.

На тоа, брат ѝ Финеас кажал дека и познатите се само обични корисници на социјалните мрежи и ги погодува тоа што таму постојано се пишува за нив.

Во истото интервју, Били и Финеас откриле дека песната за новиот Бонд успеале да ја напишат и снимат за три дена. Почнале да работат и сфатиле дека имале доволно време и инспирација, а потоа сè одело многу лесно.

Како што велат двајцата, идејата ја добиле додека се возеле во автобус, сè запишувале, а потоа го преточиле во композиција која веќе ги освојува фановите на Бонд ширум светот.

Поврзани вести

Како работата на тироидната жлезда е поврзана со сите други во телото?

Елена Даскалова

Неделен хороскоп: Биковите храбро одат кон остварување на целите

user2

Бред Пит со нов имиџ по излегувањето од карантин (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Славниот дизајнер изненади: Ја мразам модата

Случајно ѕвонел на 911 па завршил во затвор

Кристина Денесовска

Сицилија на туристите ќе им плати дел од трошоците за патување и сместување за да ги привлече

Stefanija Kuzmanovska