Забава

Бон Џови го поддржа Бајден на предизборниот митинг (ВИДЕО)

Познатиот американски рокер Бон Џови го поддржа демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден. По тој повод, тој одржа краток концерт на предизборен митинг во Далас.

За време на настапот тој носеше заштитна маска, а заедно со свирењето гитара ги отпеа и песните Who Says You Can’t Go Home, Livin’ On A Prayer и Do What You Can. Тој неодамна ја објави последната спомената песна и им ја посвети на здравствените работници кои се борат против пандемијата на коронавирус.

Тој рече дека Бајден му е пријател и го нарече „национално богатство“.

„Останаа десет дена. Време е. Времето е сега“, рече Бон Џови.

Според анкетите, Бајден има предност пред неговиот противкандидат, републиканецот Доналд Трамп, пренесува „Скај њуз“.

Поврзани вести

Честитка за роденденот на ќерка и: Селма Хајек објави топлес фотографија (фото)

Никола Поповски

Позната причината за пропаѓањето на првиот брак на Меган Маркл

Влатко Зорба

5 хороскопски знаци кои не ја почитуваат туѓата приватност

Елена Даскалова

Меган и Хари имаат слугинка која им купува храна и пијалоци

Еди Марфи жали само поради една пропуштена улога

Кристина Денесовска

Убавицата од „Сината лагуна“ сè уште е во топ форма (ВИДЕО)