Забава

Бред Пит и Џенифер Анистон водеа секси разговор (ВИДЕО)

Благодарение на апликацијата „Зум“, но и на добротворната организација Core, која помага за време на пандемијата на коронавирус, најголемите холивудски имиња на денешницата се собраа на Фејсбук за да ги читаат заедно сценаријата на легендарниот тинејџерски филм Fast Times at Ridgemont High од 1982 година.

Сепак, најголемо внимание привлече поранешната холивудска двојка – Бред Пит и Џенифер Анистон, а од нивните дијалози можеше да се заклучи дека „старата љубов не се заборава“, пренесе „Нова.рс“.

Покрај нив двајца, тука беа и Џими Кимел, Џулија Робертс, Метју Меконахи, Морган Фримен, Хенри Голдинг, Шија Ла Буф и Шон Пен.

Холивудскиот заводник ја играше улогата на Бред Хамилтон, додека Анистон ја играше Линда, девојка која е за вљубена токму во него.

Поранешните сопружници, како што налага сценариото, мораа да одглумат една од најнепријатните сцени од филмот, кога Бред Хамилтон го има својот „интимен момент“ во бањата.

„Здраво Бред, знаеш дека отсекогаш мислев дека си сладок“, започна Џенифер Анистон, која се разведе од Пит во 2005 година, додавајќи: „Ти си толку секси“.

За разлика од актерката која ја глумеше Линда во филмот и во таа сцена се соблече топлес, Анистон остана облечена.

Поврзани вести

„Лековите не помогнаа, плачев од немоќ“: Исповед на Милица Тодоровиќ за борбата против коронавирусот

Ема Стоун ја откажа венчавката поради коронавирусот

Манекенката Бар Рафаели избегна затворска казна за затајување данок

Тијана објави хит-слика на Инстаграм со перика и машки костум

Сите воздивнуваа по Линдзи Вон на премиерата на нејзиниот филм (ФОТО)

Елена Даскалова

Џенифер Анистон го сруши Гинисовиот рекорд на Инстаграм