Забава

Бред Пит со нов имиџ по излегувањето од карантин (ФОТО)

Холивудскиот актер Бред Пит во карантин се препуштил на околностите и решил да ја остави косата да расте подолго, и очигледно не се довел во искушение да ја скрати сопствената коса, како некои негови колеги.

Освојувачот на Оскар во последно време носеше нешто пократка, уредно исечена и стилизирана руса коса, претежно средена со гел, но сега тој е снимен на улиците на Малибу во друго издание, кое успеа да ги изненади и збуни сите, најмногу затоа што ниту една од овој омилен на жените не очекуваше да се „запусти“ вака.


Имено, тој сега има подолга коса, скоро до рамена, а Бред го надополни овој опуштен изглед со искинати фармерки и маслинаста маица, и се чини дека тој не се грижи премногу за папараците кои беа во близина на неговиот дом.

Бред е снимен во друштво на басистот Фли на легендарните „Red Hot Chili Peppers“ додека разгледуваа мотоцикл на улица. Патем, Бред и Фли се пријатели многу години. Тие имаат неколку заеднички интереси како мотоцикли и дизајнерски мебел што сакаат да ги купуваат заедно. Тие исто така го делат заедничкиот духовен исцелител Сата Хари Калс.

Поврзани вести

Дали знаете како денеска изгледа Среда од „Семејството Адамс“? (ФОТО)

Елена Даскалова

Зошто Трамп е „исечен“ од филмот „Сам дома 2“

Кристина Денесовска

Како да ги препознаете луѓето кои постојано флертуваат и тоа да го искористите во своја корист

Кристина Денесовска

Џејми Ли Кертис ги насмеа обожавателите: Вака нема да се заштитите од вирусот (ФОТО)

Ковердејл сними „Коронавирус блуз“

Ана Винтур ги одбра петте најдобро облечени жени во 2019 година

Кристина Денесовска