Забава

Бредли Купер и Џенифер Гарнер сепак не се само пријатели

Кога Џенифер Гарнер се разведе од Бен Афлек, по некое време започна врска со бизнисменот Џон Милер, која траеше скоро две години и, како што пишуваат странските медиуми, ѝ дојде крајот.

Иако сè уште не се познати сите детали за раскинувањето, она што веднаш го привлече вниманието на сите беше дека неколку дена по објавувањето на вестите, Џенифер беше видена со Бредли Купер во Малибу на плажа.

Да потсетиме, откако раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк, на почетокот се пишуваше дека е виновна Лејди Гага, но потоа се ширеа информациите дека сепак Џенифер Гарнер е таа на која заводникот ѝ го подарил своето срце, а тие биле фотографирани заедно во тој период.

Сепак, двајцата тогаш коментираа дека тие биле само пријатели, така што целата приказна бргу беше заборавена, но сега страстите повторно се разбудија.

Потсетуваме, Купер и Гарнер глумеа вљубена двојка во серијата „Алијас“, а фотографиите од нивната најнова средба на плажа, каде што дури беа придружени и од ќерката на Купер, Леа, веднаш го обиколија светот.

Џенифер грижливо си играше со Леа, додека Бредли се сончал.

Поврзани вести

Бритни Спирс заврши во болница, го скршила стапалото

Кристина Денесовска

Интересни факти за луѓето родени во јануари

Елена Даскалова

Принцот Чарлс за прв пат во јавност откако беше откриено дека е заразен со вирусот

Овие хороскопски знаци се вистински лидери

Елена Даскалова

Џиџи Хадид и Зејн Малик повторно заедно

Принцот Хари прв пат во јавност после скандалот