Забава

Британската кралица тивко го прослави својот 94 роденден

Оваа година, Велика Британија го слави 94-тиот роденден на кралицата Елизабета Втора во тишина, без традиционалниот почесен оган и огласување на sвоната поради пандемијата од коронавирусот.

Бидејќи десетина илјади луѓе веќе починааа од коронавирусот во Велика Британија, Кралицата одлучила дека славеничкото прикажување на воената моќ не е соодветно, пренесува АП.

Нема да се слушнат sвона во Вестминстерската опатија, бидејќи црквата каде што кралицата се омажила и била крунисана, во моментов е затворена.

Кралицата го поминала денот со својот сопруг, војводата од Единбург, принцот Филип во замокот Виндзор во Беркшир.

Немаше организирано никакви социјални посети, па принцот Хари и неговата сопруга Меган заедно со нивниот син Арчи Монтбатен-Виндзор и честитаа на кралицата преку видео повик.

Од другите членови на семејството исто се очекува да и се јават на кралицата или да имаат видео повик со неа за да и го честитаат празникот.

Поврзани вести

Ако ви се случува нешто убаво, подобро премолчете го почетокот

user2

Мажите открија што значи жената да е „добра во кревет“

Александар Петровски

Јапонски милијардер бара жена која ќе патува со него до Месечината

Ревијата на Армани зад затворени врати поради страв од коронавирус

Елена Даскалова

Калина Велковска „растури“ на „Гласот на Бугарија“, овој пат со песна од Принс (ВИДЕО)

Разводот Адел ја чинеше милиони фунти, но детали нема да открива

Stefanija Kuzmanovska