Забава

Бруклин Бекам дал 200.000 долари за веренички прстен

Бруклин Бекам, син на модната дизајнерка Викторија Бекам и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, се вери со својата девојка и актерка Никол Пелц.

Викторија објави за среќната вест на социјалните мрежи. Таа објави фотографија од нив заедно, во која се издвојува вереничкиот прстен на Никол. „Мирор“ пишува дека Бруклин дал 200.000 долари за него.

„Прстенот на Никол изгледа како смарагден дијамант од 4,5 до пет карати во класичен пасијанс. Според мојата проценка, неговата цена е помеѓу 150.000 и 200.000 долари“, рече Шенон Делани Рон, експерт за накит.

Викторија и Дејвид се среќни поради свршувачката на нивниот син.

„Дејвид и Викторија го дадоа својот благослов за оваа врска. Ова е многу возбудлив период за целото семејство и се радуваат што по турбулентните врски нивниот син конечно се врати на нозе“, изјави извор близок на семејството Бекам за странските медиуми.

Поврзани вести

Дуа Липа со момчето на одмор во Мајами

„Watchmen“ води по бројот на номинациите за „Еми“ наградите

Stefanija Kuzmanovska

Селена Гомез стравувала за кариерата

Каде се и што прават некогаш популарните ТАТУ?

Елена Даскалова

Меган Маркл вели дека била „незаштитена“ од кралското семејство

Амазон ги откупи правата за „Сенки над Балканот“