Забава

Бруклин Бекам ја прослави годишнината од врската објавувајќи разголени фотографии

Бруклин Бекам, најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, ја прослави годишнината од врската со неговата свршеница Никол Пелц, објавувајќи низа заеднички разголени фотографии – од кои едната е направена во када.

Заедно со објавените фотографии, Бруклин исто така напиша дека едвај чека да остари покрај својата драга и дека едвај чека да основаат семејство заедно.

Двајцата се верија во јули оваа година, а според странските медиуми, неговите родители Дејвид и Викторија решиле да ја одложат венчавката до 2022 година, поради пандемијата на коронавирус.

Наводно се планирани две свадби за септември 2021 година, едната во Флорида, а другата на имотот на Бекамови во Англија, а бидејќи сè уште не се сигурни дали ќе мора да го намалат бројот на гости поради пандемијата, тие одлучија да ја преместат за 2022 година.

Идните младенци се многу нетрпеливи, па можеби, според изворот, тие официјално ќе се венчаат без многу галама, а прославата ќе ја организираат подоцна. Се проценува дека нивната венчавка ќе чини околу 5 милиони долари.

Поврзани вести

Шер во одбрана на чуварот отпуштен од работа поради употреба на расистички зборови

user2

Колин Фирт се разведе од сопругата по 22-годишен брак

Влатко Зорба

Шакира и Џеј Ло ја запалија сцената на Супербол

Блејк Лајвли направи драстична промена

Норт Вест на прошетка во Њујорк со чанта од 12.000 евра

Кристина Денесовска

Хју Џекмен се вратил на училиште