Забава

Бујна русокоса е „пресекси за ТикТок“, еве зошто и ги бришат жешките снимки

Бујната манекенка Нејлин Ешли (31) од Мајами го обвини ТикТок дека „ја дискриминирале поради нејзиното тело“ затоа што и ги отстраниле снимките кои биле „премногу секси“.

Нејлин тврди дека платформата, позната по снимките на корисници кои танцуваат и изведуваат разни скечеви, и ги отстраниле снимките, иако истите снимки од други жени се уште се достапни

„Тажна сум за тоа“, рече русокосата, која ја следат два милиони луѓе на Инстаграм.

Таа додаде дека бришењето на видеата и било особено болно затоа што во последните месеци наоѓала утеха во ТикТок.

„За време на карантин, се заљубив во ТикТок. Мојот прв контакт со социјалните мрежи беше смешна снимка на „Вајн“. Кога беше затворена, се префрлив на Инстаграм. ТикТок беше излез за мојата духовитост, сè додека не сфатив дека сум дискриминирана поради својот изглед “, рече таа.

Убедена е дека причина за се се нејзините бујни облини и дека алгоритмот на „ТикТок“ ја казнува како пример за другите.

„Летово сите позираа во бикини. Кога објавувам вакво видео, дури и да не видите многу деколте, тие веднаш ги бришат моите снимки и ги отстрануваат следбениците. Тие тврдат дека ги кршам правилата на заедницата“, се пожали таа.

Целокупната ситуација и создава и финансиски проблеми, бидејќи наплаќа 1.000 долари за спонзорирани објави. Освен ТикТок и Инстаграм, таа е активна и на Твич.

Таа се пожали и дека покрај мрежата, била дискриминирана и од нејзините следбеници.

„Добивам многу коментари и навреди дека сум пластична што ме повредува, но така е на социјалните мрежи“, рече таа.

Поврзани вести

Интересни занимливости за Божик

ПОЗИТИВА НА ДЕНОТ: „Седи дома, да не фатиш корона“

Голите гради на Алесандра Амбросио го „срушија“ Инстаграм (ФОТО)

Ја посетиле Бакингамската палата и зад себе оставиле хаос

user2

Северина во костум за капење на лулашка, фановите делат комплименти (ФОТО)

Влатко Зорба

Стриптизерки доставуваат храна за време на епидемијата во Портланд (ФОТО)