Забава

Џаред Лето како Исус

Светот се изненади кога пејачот и актер Џаред Лето изјави дека поминал две недели во медитација без средства за комуникација и затоа немал идеја за пандемијата од коронавирус.

Медитацијата, њу ејџ и сличните алтернативни стилови на живот и активности не се туѓи за добитникот на „Оскар“, а за тоа потврдува специјалниот аранжман што тој им го обезбедува на своите фанови.

„Островот Марс“ е приватен остров во Хрватска каде можете да поминете време со славниот пејач и неговиот бенд, во активности наречени „зајакнување на заедницата“ или „холистички масажи“ на нивната страница.

Неколку фотографии објавени од минатогодишното обединување ги покажуваат посетителите облечени во бела боја и пејачот кој личи на Исус Христос по својот изглед и манири.

Седење на под, бунгалови што ги изнајмувате, но на другите посетители им е дозволено да влезат во сместувањето бидејќи поентата на ова патување е „зајакнување на заедницата“, медитација, обавезно носење на бела облека, а исто така и да бидете во можност да се тетовирате на островот со специјални тетоважи направени за овој аранжман, ги натера луѓето да мислат дека станува збор за секта.

А Твитер објавата на „30 секунди до Марс“ на Џаред Лето на кој пишува „Ова е култ“ со илустративни фотографии секако не и помага на ситуацијата.

Иако не можеме да кажеме со сигурност дека Лето води секта на овој остров, секако овие собири се малку бизарни.

И, ако го сакате ова уникатно искуство, подгответе се да фрлите огромни пари – билетите за овој аранжман се движат од 1.500 до неверојатни 6.500 американски долари, а следниот собир е планиран за август годинава.

Поврзани вести

Интуицијата може да ви помогне да го изберете правилното решение

Елена Даскалова

Малтретираното момче од Австралија има постара сестра која е ативистка и манекенка

Кристина Денесовска

Најстрашниот хорор за 2020 година

Орландо Блум откри дека бил во целибат шест месеци пред да започне врска со Кејти Пери

Коронавирусот ја принуди Карлеуша да ги откаже настапите

Хари и Меган изгубија уште една титула