Забава

Џеј Ло и нејзиниот вереник купиле куќа од 40 милиони долари (ФОТО)

Пејачката Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез купиле луксузна вила на Островот Стар во Мајами, а за имотот издвоиле 40 милиони долари, јавуваат странските медиуми.

Имено, парот купил прекрасна куќа со безграничен базен и винска соба, во која има дури 12 купатила, 10 спални соби и луксузна куќа за гости. Вилата се наоѓа на 86 хектари земја, и се шири на 3.716 метри квадрати и има прекрасен поглед на Мајами.

Внатрешноста на домот е исполнета со скапи лустери и мебел, а винската соба е обложена со дрво, додека прозорците се протегаат од подот до таванот.

Во дневната соба има големо огниште, а Џенифер има посебна просторија што ја претворила во гардеробер и просторија за шминка. Куќата располага и со специјална бања со парен туш, како и огромна када за релаксација.

Покрај огромниот базен, во дворот има џакузи, фонтана, бар со столици, маси и столчиња со поглед на океанот.

Патем, во овој дел живеат и многу холивудски sвезди, така што Џенифер и Алекс ќе имаат многу познати соседи.

Поврзани вести

„Џокер“ – најпрофитабилен филм базиран на стрип

Елена Даскалова

Принцот Хари ќе живее со свекрвата: Меган Маркл ја „прибра“ мајка си во Л.А.

Влатко Зорба

Милан Поповиќ ја раскажа својата страна од приказната

Како Меган го посрамила принцот Хари пред целото кралско семејство

Александар Петровски

Тајчи најавува автобиографска книга во која отворено ќе зборува за минатото

Оскари 2020: Доминација на „Паразит“, дебакл на „Irishman“

Кристина Денесовска