Забава

Џеј Ло за свадбата: Не знам што ќе се случи, ќе мора да почекаме сега

Водителката Елен Деџенерис (62) беше домаќин на пејачката Џенифер Лопез (50) во своето популарно шоу, но овој пат во домашно издание. Запрашана дали карантинот влијаела на нејзината дата на свадба со нејзиниот партнер Алекс Родригез (44), пејачката рече дека нивната свадба сепак ќе мора да почека, како што во моментов е случај со сите парови што ја планираат својата венчавка.

– Всушност, оваа ситуација влијаеше на сите нас, па ќе видиме што се случува. Искрено, навистина не знам. Ќе мора да почекаме и да видиме за неколку месеци, како ќе помине се, рече Џеј Ло. Елен предложи да организира свадба на „TikTok“.

– Што и да рече, тој го прави тоа. За прв пат, имам некој близу мене кој сака да блескам и растам. И прави се од себе за да имам време за себе. Сè што постигнав оваа година беше само поради него затоа што тој ми даде поддршка во сè и никогаш не се чувствуваше загрозено од тоа – рече Лопез неодамна во интервју за телевизискиот водител Опра Винфри (66).

– За мене беше смешно што првото нешто што мислев кога тој ме праша беше дека дефинитивно нема да бидеме во брак за неколку месеци. Сфатив и дека сите оние романтични работи што ме натераа да се омажам трипати, ми се вратија – откри актерката и призна дека нејзиниот вереник целосно ги почитува нејзините одлуки. „Тој рече: ако ние ќе бидеме заедно до крајот на животот, што брзаме? Ние мора да бидеме партнери пред сè, рече актерката.

Таа посочи дека оваа врска е навистина посебна за неа, во споредба со сите што порано ги имала. Ако свршувачката преживее и Џенифер се омажи со Алекс, тоа ќе биде нејзин четврти брак.

Поврзани вести

Познатиот актер ќе добие награда за животно дело

Поради коронавирусот откажано снимањето на холивудската серија во Хрватска

Најлошите емоционални навики на хороскопските знаци

Мадона гола во када зборува за коронавирусот: Нè направи различни на еднаков начин (ВИДЕО)

Три хороскопски знаци кои „гинат“ за љубов

Елена Даскалова

Фудбалерот Месут Озил стана татко