Забава

Џејмс Бонд се збогува со Шон Конери (ФОТО)

Легендарниот актер Шон Конери почина на 91 година. Многумина ќе го паметат по многубројните улоги, особено како Џејмс Бонд.

Целиот свет се збогува со Конери, колегите, обожавателите, пријателите … а сега истото го стори и актуелниот Бонд, актерот Даниел Крег.

„Со тага слушнав дека големиот актер нè напушти. Сер Шон Конери ќе остане засекогаш запаметен како Бонд, но и многу повеќе. Тој дефинираше едно време и стил. Шармот и духовитоста што ги вдахна во ликовите што ги играше може да се мерат само во мегавати. Тој е човекот кој создаде блокбастери. Тој ќе продолжи да ги инспирира актерите и режисерите и во наредните години. Моите мисли се со неговото семејство и најблиските. Каде и да е, се надевам дека има терен за голф и игра таму“, напиша Крег.

Поврзани вести

Голем ЉУБОВЕН ХОРОСКОП за ноември 2019

user2

Познато е кога може да продолжи снимањето на „Пријатели“

Личностите кои имаат сестри се посреќни

Кристина Денесовска

Шакира и Џеј Ло ја запалија сцената на Супербол

Џим Кери ја раскина врската со Џинџер Гонзага

user2

Возачот одговорен за смртта на Шабан му претат 4 години затвор