Забава

Џекмен ја откри тајната на својот изглед на 51 година (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Хју Џекмен во моментов е принуден да престојува во неговиот стан во Њујорк додека скоро целиот град е затворен поради пандемија од коронавирус.

И за да го скрати своето време во изолација, но и она на неговите обожаватели кои го следат на социјалните мрежи, тој реши да сподели со нив неколку свои тренинзи кои го одржуваат неговото тело во топ форма на 51-годишна возраст. Затоа, тој објави на социјалните мрежи видео на кое се гледа како се качува по скалите на неговата 15-катна зграда за да го направи неговиот кардио тренинг.

Тој беше охрабрен од видеото на еден од најуспешните тенисери на сите времиња и негов пријател Роџер Федерер, кој им покажа на своите обожаватели како вежба за време на изолацијата.

„Роџер, го сакам тој трик, но за жал немаме тениски терени во Њујорк. Но, имаме нешто што вие го немате, и тоа е многу од ова“.

Поврзани вести

Оженетиот Тимберлејк во друштво на актерката Вејнрајт во бар во Њу Орлеанс

Влатко Зорба

Србија останува со истите претставнички и за Евровизија 2021, но ќе се смени едно нешто

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во посета на Ирска

Објавена песната на Били Ајлиш за новиот Бонд (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Џејми Оливер се враќа со ново шоу за помош на оние во карантин

Селена Гомез искрено за менталното здравје