Забава

Џиџи Хадид ја призна бременоста, па објасни зошто ја криела (ВИДЕО)

Џиџи Хадид за првпат го покажа трудничкото стомаче на Инстаграм во живо, откако долго време криеше дека е бремена.

„Ова е моето стомаче“, весело рече манекенката и се сврте на страна за да ја покаже големината на стомакот.

„Очигледно многу луѓе се збунети затоа што веќе не споделувам ништо. Јас сум бремена за време на пандемија и, очигледно, има многу поважни работи во светот. Голем број луѓе ги загубија своите животи заради коронавирусот и тоа сè уште се случува. Не сакам да се грижам за тоа дали сум слатка и дали треба да објавувам нешто секој ден. Имам семејство и пријатели со кои споделувам сè“, рече Џиџи.

Џиџи и нејзиниот партнер Заин Малик престојуваат на фарма во Пенсилванија. Манекенката откри дека носи девојче кое треба да се роди во септември.

Поврзани вести

Вини Џонс низ солзи го откри писмото со последна порака од починатата сопруга

user2

„Паразит“ го доби Оскарот за Најдобар интернационален филм

Елена Даскалова

Четригодишно девојче преживеало 5 дена во бразилската прашума

Северина за Шкоро: Nикој не му објаснил дека „Приказната на слугинката“ е само роман и СФ серија

Влатко Зорба

Сите ја обвинија Меган за „Мегзит“, но сега е откриено чија била идејата за заминување

Влатко Зорба

Адел со непрепознатлив изглед за својата божикна забава

Кристина Денесовска