Забава

Џони Деп и давал марихуана на ќерка си кога имала само 13 години

Актерот Џони Деп откри на судењето одржано пред два дена во Лондон, меѓу другото, дека и дал марихуана на својата тринаесетгодишна ќерка, сметајќи го тоа за одговорно родителство.

Пред два дена се одржа судење во Лондон, на кое поранешните сопружници – актерот Џони Деп и манекенката Амбер Херд – се соочија едни со други за прв пат по разводот.

Станува збор за тужба за клевета на Деп против списанието „The Sun“ и компанијата „News Group Newspapers“, а во врска со колумната од 2018 година, каде Деп беше наречен „силеџија што тепа жени“.

Деп остро ги негираше обвинувањата дека ја злоупотребил својата поранешна сопруга, но адвокатите на групата „NGN“ тврдат дека нивниот опис на актерот бил „точен и вистинит“. Во писмената изјава, 57-годишниот актер се потсетил на инцидентот во 2016 година, кога Амбер или „можеби една од нејзините пријатели“ наводно се „испразнил“ на неговиот кревет.

Меѓу другото, тој откри дека и давал марихуана на својата ќерка Лили Роуз кога имала само 13 години, тврдејќи дека станува збор за „одговорно родителство“.

Исто така, адвокатите доставија докази дека самиот Деп го нарекол своето пијан алтер его „чудовиште“, а актерот посочил дека Елтон Џон е еден од клучните луѓе кои му помогнале да се ослободи од алкохолот.

Поврзани вести

Џорџина покажа неколку вежби и го запали Инстаграм (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Проблеми во рајот? Ким и Канје живеат на спротивни страни на луксузната вила

Цеца Ражнатовиќ на прославата блеска во бел костум (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Стивен Спилберг нема да го режира новиот Иднијана Џонс

Кристина Денесовска

На бумбарите им прети изумирање, нивниот број драстично опаѓа

Кристина Денесовска

Мелани Грифит си го уништила лицето со пластични операции

Кристина Денесовска