Забава

Џорџина за тешкиот живот пред нејзината средба со Роналдо и зависта на луѓето

Џорџина Родригез се појави на насловната страница на списанието „Мujer Hoy“ и откри исклучително интересни детали за нејзиниот живот, што очигледно не бил воопшто лесен и е далеку од бајката во која живее сега.

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата сопруга можат да живеат живот во богатство и раскош, но тоа не било секогаш така.

Како тинејџерка живеела во мала куќа и работела како продавачка за 250 фунти неделно во Хуеска, Шпанија.

https://www.instagram.com/p/CGpvUMdnV_4/?utm_source=ig_web_copy_link

Родригез се преселила во Бристол кога имала 17 години, каде се вработила како домашна помошничка за да работи на нејзиниот англиски јазик.

Нејзиниот татко пак издржува казна затвор од десет години за две кривични дела за трговија со дрога.

Но, сега 26-годишната Родригез живее со Роналдо, кој заработува околу 540.000 фунти неделно во Јувентус.

https://www.instagram.com/p/CGuZYcZH9q8/?utm_source=ig_web_copy_link

Роналдо исто така пораснал во сиромашно семејство во Мадеира, а минатата година во интервју за Пирс Морган рече дека молел за бургери како дете во Спортинг (Лисабон).

И Родригез откри како парот сè уште не се чувствува прифатен од повисоката класа.

Во интервју за „Мujer Hoy“, таа рече: „Имам мото: што и да направиш, ќе те критикуваат“.

„Луѓето се многу љубоморни на мојот дечко и на мене. Зависта е чувство кое го расипува човечкото суштество, не ги тера да се развиваат и ги исполнуваат со омраза и огорченост. Изгледа подобро е да се биде богат од раѓање отколку да се подобрува и да напредува“, рече Џорџина.

Родригез е една од најпопуларните славни личности на социјалната мрежа Инстаграм со неверојатни 21,5 милиони следбеници.

https://www.instagram.com/p/CGUhfrAnCyQ/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа има склопено низа договори како модел, a позирала и за модната библија „Vogue“.

Но, таа тврди дека никој не можел да го предвиди нејзиниот подем бидејќи таа била „грдото пајче“.

https://www.instagram.com/p/CENIv0YqEGw/?utm_source=ig_web_copy_link

Поврзани вести

Синот на Боби Браун пронајден мртов во неговиот стан

Влатко Зорба

Селена Гомез во посета на психијатриска установа

Влатко Зорба

По 15 ноември: На овие три хороскопски знаци судбината полека ќе почнува да им се менува

Берта Китинска

Џастин Тимберлејк првпат прозборе за скандалот со неверството

Елена Даскалова

Поради една особина паровите најчесто раскинуваат

Девојката на Роналдо го полуде Инстаграм (ФОТО)

Влатко Зорба