Забава

„Дизни“ најави продолжение на „Кралот лав“

„Дизни“ денес објави дека ќе снима продолжение на „Кралот лав“ во 3Д, а режијата ќе му биде доверена на Бери Џенкинс, кој го сними филмот „Месечината“.

„Кралот лав“, кој беше успешен во киносалите, и покрај млаките критики, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари. Во тој цртан филм, гласовите ги позајмија многу ѕвезди, вклучувајќи ја и пејачката Бијонсе.

„Дизни“ не соопшти други детали, додека Џенкинс рече дека неговиот сон е да работи со таа компанија.

„Месечината“ на Џенкинс освои „Оскар“ за Најдобар филм во 2017 година.

Поврзани вести

Ал Пачино падна на црвениот тепих

Џенифер Анистон по 15 години призна како се чувствувала кога дознала за Бред и Анџелина

Елена Даскалова

Рита Ора има ново момче

Трите најчувствителни хороскопски знаци

Синот на Роналдо тргна по стапките на татко си

Кристина Денесовска

Анализи на ФБИ утврдија кои хороскопски знаци се најопасни