Забава

Елтон Џон со милион долари помага на организации кои работат со ХИВ позитивни

Добро познатиот британски музичар Елтон Џон стартуваше фонд за итна помош од милион долари за да им помогне на организациите кои работат со лица со СИДА или со ХИВ позитивни кои се „запоставени“ за време на пандемијата од коронавирус.

Елтон Џон рече дека неговата „Elton John AIDS Foundation“ ќе им даде пари на организации кои ќе најдат решенија за да продолжат да помагаат и да се грижат за лицата со СИДА или ХИВ.

„Дистрибуцијата на лекови, тестирањето и превенцијата не е веќе така лесно како што беше пред неколку недели“, рече Елтон Џон (73) во видеото од неговиот дом во Лос Анџелес.

Елтон рече дека неговата фондација ќе бара решенија за „специјалните предизвици“ со кои се соочуваат луѓето заразени со ХИВ или се изложени на ризик, и сега се соочуваат со дополнителни закани од коронавирусот.

Иако вирусот не се смета за посебна закана за лицата кои се ХИВ позитивни и кои примаат специфична терапија, тоа би можело да претставува поголем ризик за оние кои имаат имунолошки нарушувања или не се свесни за нивниот статус во тој поглед, велат експертите.

Поврзани вести

Како хороскопските знаци своите лоши особини ги претвораат во предности?

Елена Даскалова

Бен Афлек ужива на плажа со 15 години помладата девојка (ФОТО)

Влатко Зорба

Кети Пери позираше без шминка

Синот на Синди Крафорд има психички проблеми и не сака да се соочи со нив

Кристина Денесовска

Лејди Гага со нов албум и нов имиџ

Stefanija Kuzmanovska

Синот на Лепа Брена се повлекува од сцената