Забава

Емери ја обвинувал поранешната девојка за поразите на Арсенал

Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери, ја обвини својата поранешна девојка дека е главниот виновник за неговиот тренерски неуспех на „Емирати“, нарекувајќи ја вештерка.

Потсетуваме, Шпанецот помина 18 месеци на клупата на „топџиите“ пред да биде отпуштен минатиот ноември кога беше заменет со Микел Артета.

Неговата поранешна девојка Саша Рајт, која е 13 години помлада од Емери, ја отвори душата и им кажа на таблоидите се за нејзината врска со поранешниот тренер на Арсенал. Таа исто така откри дека тие се раскинале во септември минатата година, но накратко му се вратила во декември кога бил сменет.

– Тоа беше кога тој ме обвини дека бил отпуштен поради мене. Тој ми рече дека сум вештерка и дека сум му донела само несреќа во животот. Тој исто така ми рече дека бил под стрес поради работата откако сме раскинале. Патував во Сан Себастијан пред новогодишните празници и тој ми рече тогаш дека сум виновна што Арсенал ги губел натпреварите, рече Саша за „Сан“.

Таа вели дека се покајала и воопшто направила грешка што воопшто била со него.

– Му верував и навистина очекував дека ќе се венчаме и ќе имаме деца еден ден. Мислев дека е господин и семеен човек, но тој не е подготвен за сериозна врска, додаде Саша Рајт.

Сега поранешната девојка на шпанскиот стручњак исто така опиша колку е опседнат Емери за фудбалот.

– Порано се гледавме меѓусебно поретко поради натпревари и обврски, но кога екипата играше лошо, тоа го знаев затоа што честопати се жалеше. Тој велеше дека му е тешко, дека е под стрес. Инаку, во слободното време, тој постојано гледаше фудбал и ги следеше резултатите. Дури и додека легнуваше во кревет, тој имаше таблет и компјутер до себе. Беше иритирачко, но јас го прифатив тоа, рече Саша Рајт.

Поврзани вести

На вдовицата на Шон Конери и се заканува затвор за тешка измама

Влатко Зорба

Хајли Бибер откри како го освоила Џастин

Овој хороскопски знак е роден за да биде славен

Елена Даскалова

Никола Којо со семејството се сели во една држава од поранешна Југославија?

Кети Пери со нова песна и видео запис ја потврди бременоста

Бред Пит се подготвува за естетска корекција

Влатко Зорба