Забава

Ешли Греам го пробала сопственото млеко

Најпознатата „плус сајз“ манекенка Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин во јануари годинава добија син по име Ајзак.

Манекенката беше искрена дури и за време на бременоста и зборуваше за мајчинството, семејството, па дури и по породувањето, таа продолжи да споделува со публиката сè што е поврзано со бебето.

Бидејќи е нејзино прво дете, со задоволство ги сподели сите свои сомнежи и проблеми со своите фанови. Во емисијата на Елен Деџенерис таа откри дека пробала сопствено млеко. Со оваа изјава ги заинтригираше публиката и водителката и сите беа заинтересирани каков е вкусот на мајчиното млеко.

„Да, го пробав. Само малку, и можам да ти кажам дека има добар вкус“, рече моделот. На споменувањето на нејзиниот син, таа омекна и истакна дека малото момче е мирно, како и дека ужива во секој момент поминат со него.

„Многу пати сум заспала доејќи го синот“, се пошегува мајката и додаде дека бебето ужива во доењето.

Мама Ешли често ги споделува своите искуства за мајчинството и истакнува колку е задоволна и исполнета во таа улога.

Препораки на СЗО

Според препораките на Светската здравствена организација, мајчиното млеко е најдобра и најквалитетна храна за бебиња. СЗО посочува дека мајките треба да ги дојат своите бебиња што е можно повеќе во првите шест месеци, бидејќи тоа е многу корисно за имунитетот и развојот на детето.

Сепак, овој пијалок не е наменет само за бебиња, туку стана многу популарен и кај возрасните кои сакаат да имаат извајани мускули. Имено, спортистите често купуваат мајчино млеко од мајки, а во некои западни земји овој вид трговија прерасна во бизнис.

Една од поинтересните работи во врска со мајчиното млеко е тоа што е многу убаво, всушност сите што го пробале биле изненадени од неговата густина и пријатен вкус.

Поврзани вести

Блејк и Рајан својата среќа ја кријат од јавноста

user2

Емина Јаховиќ откри непознати детали од бракот со Сандал!

Влатко Зорба

Бред Пит со новата девојка на местото каде што се венчаше со Анџелина

Stefanija Kuzmanovska

Малек: Психички ми беше тешко да играм улога во Бонд

Влатко Зорба

Холивудски парови кои добиле деца преку сурогат мајка

Бекам може да има нови проблеми со законот (ФОТО)

Влатко Зорба