Забава

Ги тера ќерките да раѓаат деца во исто време: Смисли пеколен план за зголемување на гледаноста!

Веќе некое време се шпекулира во медиумите дека најпознатото реалити семејство, Кардашијан-Џенер, полека губи обожаватели, а со тоа и голема сума на пари што се влева во семејниот буџет. Гласините за банкрот и криза во семејството дополнително ги потресе раперот Канје Вест, сопругот на Ким Кардашијан, кој пред десетина дена упати обвиненија преку Твитер против неговата сопруга, но и нејзината мајка, една од најпознатите менаџери во шоубизнисот, Крис Џенер, индиректно кажувајќи како дотичната не запира пред ништо со цел да дојде до пари.

Токму тоа оди во прилог на наводите на магазинот „Стар“, кој пишува дека 64-годишната жена ги присилува нејзините ќерки, 41-годишната Кортни и 24-годишната Кендал, да забременат во исто време со цел да го подигнат рејтингот на емисијата „Во чекор со Кардашијан“ и со тоа да го спасат семејството од банкрот.

Исто така, истото списание наведува дека Крис сака да ја зголеми гледаноста со помирување на 36-годишната ќерка Клои и таткото на нејзината двегодишна ќерка Тру, 29-годишниот кошаркар Тристан Томпсон, кој ја изневеруваше, меѓу останатите, и со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли.

Меѓутоа, ако се верува на порталот Gossip Cop, малку е веројатно дека истото ќе се случи, особено кога станува збор за бременостите. Кортни е веќе мајка на три деца, а нејзиниот најмал син Реин има пет години, па според нив, најстарата Кардашијан не планира да има деца повеќе, особено затоа што сега има 42 години. Од друга страна, Кендал е една од највисоко платените модели во светот и таа во неколку интервјуа јасно стави до знаење дека сè уште не планира да има деца.

Поврзани вести

Познат кантри пејач починал на сцена

Елена Даскалова

Холзи направила скандал на доделувањето на АМА наградите

Шерон Стоун: Сестра ми по лупус доби корона

Влатко Зорба

Том Круз, НАСА и Илон Маск работат на нов филм

Александар Петровски

Цетински повторно на суд за сообраќајната несреќа

Кортни Кокс ќе ја повтори својата улога во продолжението на „Врисок“

Влатко Зорба