Забава

Гитара на Курт Кобејн се продаде за 6 милиони долари

Гитарата на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, на која свиеше на еден од најпознатите концерти на „MTV Unplugged In New York“ (1993), беше продадена на аукција за рекордни 6 милиони долари, јави РИА Новости.

„Се продаде за 6.010.000 долари! Нов светски рекорд за гитара! Гитарата на Курт Кобејн, со која настапува на концертот „MTV Unplugged In New York“ со Нирвана“, се вели во објавата на аукциската куќа.

Првично, гитарата се вреднуваше од 1-2 милиони долари.

Кобејн свири на електро-акустична гитара Martin D-18E на 18.11.1993 година, околу пет месеци пред неговата смрт. Гитарата доаѓа со оригиналната обвивка.

Претходно на аукцијата, се продаде елекот што го носи Кобеин на концертот за рекордни 334.000 долари. Неговата гитара Fender Mustang, на која свиреше за време на турнејата In Utero, беше продадена за 340.000 долари.

Претходниот светски рекорд од 3,95 милиони долари припаѓа на гитарата Black Stratocaster на Дејвид Гилмор, гитарист и еден од лидерите на „Пинк Флојд“.

Поврзани вести

Осигурителната куќа тврди дека Шанен Доерти го користи ракот за сожалување

Кристина Денесовска

Деми Ловато го покажа „заобленото“ тело во костим за капење (ФОТО)

Роуз Мекгоун: Активизмот на Натали Портман е погрешен и бизарен

Елена Даскалова

Како изгледа денес синот на Деп и Паради

user2

Заедно пееше со Тоше Проески, а минатите шест месеци беа пекол за неа

Дизајнерот Максвел подарува венчаници за оние кои морале да ја одложат венчавката