Забава

Хари и Меган во реалити шоу на Нетфликс

Принцот Хари и Меган Маркл се согласија да бидат ѕвезди на реалити шоу на Нетфликс и им дозволија на камерите да ги следат насекаде во период од три месеци. Тие се надеваат дека на тој начин луѓето ќе погледнат во нивните животи и ќе видат колку хумани работи прават, изјави извор близок до парот.

Двојката потпиша договор вреден 112 милиони фунти со Нетлфикс (нешто помалку од 144 милиони долари) за производство на разни серии и програми. Сега е познато дека камерите ќе ги следат Хари и Меган три месеци, но сè уште не е познато дали ќе им биде дозволено да ги снимаат во нивниот дом во Калифорнија.

Изворот рекол дека реалити шоуто ќе се фокусира на нивната филантропска работа, а не на настаните зад затворени врати.

„Тоа сепак ќе биде фасцинантен увид во нивните животи, а Меган се надева дека гледачите ќе ја видат нејзината вистинска страна“, вели изворот.

Одлуката на Хари и Меган да го снимаат реалити шоуто веќе наидува на критики во Велика Британија, каде Ингрид Сивард, уредник на списанието „Меџисти“, изјавила дека парот е „лицемерен“ затоа што се согласиле на реалити шоу а побегнале од Велика Британија во САД за да уживаат во поголема „приватност“.

Нетфликс соопшти дека тие веќе работат со парот на неколку проекти, но одбиле да дадат дополнителни информации за нив.

 

Поврзани вести

Иако „тежат“ 256 милиони долари, своето богатство нема да им го остават на децата

Меган Маркл им се налути на новинарите: Никој не ме праша дали сум добра…

user2

Милан Поповиќ: Северина го злоупотребува детето за промоција на својата турнеја

user2

Како комуницираат Северина и Милан Поповиќ по нивниот развод?

Елена Даскалова

Познати личности кои се во сродство со кралицата Елизабета и Кејт Мидлтон

Осигурителната куќа тврди дека Шанен Доерти го користи ракот за сожалување

Кристина Денесовска