Забава

Хит-играта „Fallout“ станува серија

Авторите на „ХБО“ хитот „Westworld“, најавија серија по хит играта „Fallout“.

Џонатан Нолан и Лиза Џој ги здружија силите со услугата Amazon Prime во проект што ќе го пренесе светот на „Fallout“ на малите екрани, пренесуваат медиумите.

Серијалот игри ја следи непроменливата природа на човековиот конфликт, сумиран во реченицата – „војна, војната никогаш не се менува“. Војните околу ресурсите ја уништија планетата пред почетокот на приказната за играта, потоа се судрија мутанти и преживеани, и се чини дека токму „она што се случило ПРЕД играта“ ќе биде во фокусот на серијата.

Фановите на оваа серија ја обожаваат пост-апокалиптичката атмосфера, и хуморот, и мешавината од возбуда и СФ, како и многу додатоци развиени во играта за време на повеќе од 20 години постоење.

Сè уште не е познато кои ќе бидат актерите во серијата.

Поврзани вести

Славни и богати со деца

user2

Сите на протестите гледале во неа: Фиби Прајс излегла на улица со гол задник (ФОТО)

4 причини зошто ви е потребен барем еден Јарец во животот

Елена Даскалова

Џејми Ли Кертис со пофални зборови за „Медена земја“

Дали Џејмс Бонд всушност е женомразец и силувач?

Бруклин Бекам не ги наследил манирите од своите славни родители (ФОТО)

Елена Даскалова