Забава

Хју Грант сака да сними продолжение на „Notting Hill“

Актерот Хју Грант откри дека би сакал да глуми во продолжението на хит филмот „Notting Hill“ од 1999 година и објасни зошто.

„Би сакал да направам продолжение на една од романтичните комедии во кои глумев, само за да можам да покажам што навистина се случува по завршувањето на филмот“, рече Грант во едно интервју пред неколку дена.

„Така би докажал дека сето тоа е една голема лага и дека ситуациите што завршуваат во романтичната комедија не се навистина среќен крај“, рече шармантниот актер.

Конкретно, во „Notting Hill“, Грант го игра Вил Такер, сопственик на книжарница во Лондон, кој се среќава со Ана Скот (Џулија Робертс) во таа книжарница. Двојката започнува романса полна со интересни ситуации поради нејзината слава, но на крајот завршува среќно во брак со дете на патот.

„Би сакал јас и Џулија да снимаме продолжение на филмот кој поминува низ ужасен развод, полн со скапи адвокати, во кој се вклучени децата како и река од солзи. И поради тоа ликовите да останат полни со лузни”, се пошегува Хју, истакнувајќи дека ќе ужива може да направи таков филм.

Токму Хју Грант е ѕвезда на бројни романтични филмови што го направија славен кон крајот на 90-тите и почетокот на новиот милениум. Тој веќе неколку пати коментираше дека не му е јасно зошто овие филмови се уште се популарни. Сепак, тој призна дека му е драго што луѓето сè уште ги гледаат, а обожавателите беа особено воодушевени од коментарот на прашањето зошто тој повеќе не глуми во такви филмови.

„Стар сум, грд и дебел за да продолжам да глумам во романтични комедии“, се пошегува Грант во едно интервју.

Поврзани вести

Реномиран сценарист почина од компликации од коронавирусот

Неделен хороскоп: Биковите не се плашат да покажат што знаат

Елена Даскалова

Почина познатиот џез музичар Ману Дибанго

Честитка за роденденот на ќерка и: Селма Хајек објави топлес фотографија (фото)

Никола Поповски

Лео во изолација со девојката Камила Мороне

Романската актерка направи хаос во Венеција: Никој не се грижи дали знае да глуми, се додека изгледа волку добро!

Stefanija Kuzmanovska