Забава

Хок: Тесла не би го изненадил новиот вирус

Ме интересира што би рекол Никола Тесла денес за пандемијата и што можеме да научиме од овој момент. Тој имал фобија од вируси и сигурен сум дека новиот вирус не би го изненадил. Би било интересно да се слушне од него како можеме да се трансформираме во периодот на инкубација и да нè советува како да се промениме себеси, вели Итан Хоук, кој ја игра главната улога во филмот „Тесла“ на Мајкл Алмерида.

Единствената преостаната лабораторија „Tesla Science Center“ (TSCW) организираше онлајн проекција на филмот по повод 164-годишнината од раѓањето на еден од најголемите умови во светот.

Покрај проекцијата, директорот на TSCW, Марк Алеси, во таа прилика разговараше со режисерите Алмерида, Хок и Кајл Меклахлан, кој го толкува ривалот на Тесла, Томас Едисон.

– Ова е еден од филмовите, во кои наидувате само на ограничувања во вашиот талент, во кој никогаш не можете да го постигнете најдоброто што треба. Се обидов на прво место да го израдувам Мајкл. Тој разговараше за релевантноста на Тесла денес и зошто е важно да се направи филм за него, така што ова не е документарен филм, туку приказната на Мајкл Алмерида за Тесла, верува Хок.

– Се чувствував должен да го оживеам Тесла што е можно поавтентично. Се обидов да прочитам колку што можев за него. Читав писма на Тесла, есеи, се обидов да се сетам на сè што тој рече, па се снимав себеси по телефон и го испратив до Мајкл. Сакавме да бидеме во дијалог со него. Има нешто многу интензивно и брилијантно во средбата на науката, религијата и уметноста, без разлика дали зборуваме за Ајнштајн, Тесла, Микеланџело, Да Винчи. Татко ми е математичар, а јас сум актер и постои заедничка основа каде што се среќаваат науката и уметноста. Тесла е многу специфичен и прекрасен. Целта ми беше да создадам уметничко дело за еден голем научник – додаде Хок.

Славниот актер исто така напомена дека режисерот во еден момент ги замислува Тесла и Едисон како соработуваат.

– Нешто волшебно се случува кога големи умови го забораваат своето его и заедно соработуваат. Ако Тесла и Едисон ги здружеа силите, можеа да создадат невозможно и да го унапредат човештво, но тоа не се случи – рече Хок.

Поврзани вести

Враќање во минатото: Вонбрачниот син на Шварценегер „копија“ на актерот

Влатко Зорба

Моден предизвик: Прават маски за лице од ретки животни, крокодилската кожа штити од корона (ВИДЕО)

Што ќе донесе владеењето на Водолијата на секој хороскопски знак?

Елена Даскалова

Људмила од Чернобил тврди: Серијата е полна со лаги!

Елена Даскалова

Лејди Гага собрала околу 35 мил. долари за помош околу коронавирусот

Влатко Зорба

Фановите го искритикуваа лошиот фотошоп на Бела Хадид