Забава

Холивудски пар остана заедно 30 години иако се роднини

ДНК-анализата ја откри шокантната вистина за актерот Кевин Бејкон и неговата сопруга Кири Сеџвик – тие се роднини. Двојката немаше идеја дека нивните предци биле во врска.

Холивудскиот пар Кевин Бејкон и Кира Сеџвик се едни од најстабилните парови во турбулентната индустрија за забава. Тие се заедно повеќе од 30 години и не се придружени со гласини за неминовен развод.

Но, двојката се изненади кога откри дека се роднини за време на гостувањето во емисијата „Finding Your Roots“.

Водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, им рече дека се во роднинска врска – всушност, тие имаат ДНК докази што покажуваат дека тие се роднини од деветто колено. Кевин е седум години постар од Кира.

Таквото откритие сигурно ги изненади, но не ја наруши нивната врска – бракот, кој започна во 1988 година, остана стабилен и по шокантното откритие.

Бејкон постојано изјавуваше дека токму Кира е одговорна за среќната пресвртница во неговиот живот и кариера.

„Таа е љубовта на мојот живот, го знаев тоа веднаш. Но, кога дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Сепак, љубовта се случи и нашите деца почнаа да се раѓаат, а понудите за филмови конечно почнаа да доаѓаат“, изјави Бејкон за својот брак.

Тие се запознаа на снимањето на филмот „Lemon sky“. Кевин брзо ја запроси Кира, криејќи прстен во чорап за подароци за Божиќ и со тоа и подготви изненадување. Таа му рекла да без размислување, па наскоро склучија брак од кој имаа две деца – синот Тревис, кој се занимава со музика и ќерката Соси, која ги следеше нејзините стапки.

Поврзани вести

Ѕвездите на филмот Зараза предупредуваат дека никој не е имун на вирусот

Кајли Џенер продаде дел од козметичкиот бренд за 600 милиони долари

Лукасфилм го реализираа конечниот трејлер за „Star Wars“

user2

Најпознатиот јутјубер на денешницата се повлекува од Јутјуб

Кристина Денесовска

Алиша Кис, Џон Леџенд и Ашер ќе пејат на концертот во чест на Принс

Мажите открија што значи жената да е „добра во кревет“

Александар Петровски