Забава

Иако не се тестирала, Џеј Кеј Роулинг тврди дека оздравела од КОВИД-19 и знае како

Џеј Кеј Роулинг, авторката на серијалот „Хари Потер“, тврди дека ги имала сите симптоми на коронавирус, но не се тестирака. Таа рече дека закрепнала во целост, тврдејќи дека открила техника, што го олеснува дишењето.

„Изминативе две недели ги чувствував сите симптоми на коронавирус, а мојот лекар и сопруг ме советуваа да започнам со вежбање на оваа техника на дишење што навистина ми помогна“, напиша таа и приложи видео во кое лекар од Квинс ја разјаснува техниката.

„Ве молам, погледнете го ова“, додаде таа.

Во видеото, лекарот наведува дека е важно техниката да се примени што е можно поскоро, дури и ако не сте заразени.

„Пет пати длабоко вдишете. Задржете го здивот пет секунди и на шестото длабоко вдишување искашлајте се и покријте ја устата со рака. Повторете го ова и потоа легнете на стомакот. Имајте перница пред вас. Длабоко дишете следните десет минути”, тврди лекарот.

„Поголемиот дел од вашите бели дробови се на задниот дел, а помалиот на предната страна. Од оваа причина, лежењето на грб за време на инфекција ќе ги затвори малите дишни патишта и ќе ви го отежни дишењето“, тврди докторот.

Се разбира, важно е да се напомене дека Џеј Кеј Роулинг не е лекар, а советите на Интернет генерално се бескорисни, а понекогаш и опасни, па ако се сомневате дека сте се заразиле, контактирајте го вашиот лекар.

Поврзани вести

Даниел Кајмаковски и Ивана Петерс победија на ТЛЗП

Кристина Денесовска

Северина во бел костим за капење го „запали“ Инстаграм (ФОТО)

Влатко Зорба

Овие 3 хороскопски знаци дефинитивно се најлоши во креветот

Stefanija Kuzmanovska

Греми-наградите започнаа со почест за Коби, илјадници фанови тагуваа надвор

Елена Даскалова

Кукавичките работи кои ги прават хороскопските знаци

Кристина Денесовска

Брук Шилдс: Потребна е смелост да го покажете своето тело на 55-годишна возраст (ФОТО)

Влатко Зорба