Забава

Излезе документ што ги открива сите тајни на кралската двојка! (ФОТО)

Иако коронавирусот е главна тема во светот, кралското семејство сè уште ги пополнува страниците во весниците.

Неодамна, кралицата Елизабета Втора (93) им се обрати на луѓето поради ситуацијата со пандемијата, а сега Војводата од Сасекс се во центарот на вниманието.

Извештајот за раѓање на малиот Арчи, синотна Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) беше откриен во јавноста, а тамо е наведено вистинското име на неговата мајка.

Иако многумина веруваа дека нејзината вистинска титула е Војвотката од Сасекс, која и ја даде кралицата кога се омажи за Хари, Меган е всушност принцеза.

Сертификатот за раѓање гласи – Рејчел, принцеза на Велика Британија. Во документот се открива и каде се родило малото момче, кое неговите родители и кралското семејство долго време го криеја во јавноста.

Тоа е приватна болница во Портланд, Вестминстер, Англија, каде за ноќевање се плаќа 20.000 евра.

Инаку, војводите од Сасекс и официјално се слободни од први април. Тие сами ќе се финансираат, а Меган реши да се врати на актерството.

Но, сега решението падна дека таа ќе работи само со режисери од А-листата за да се осигури дека ќе добие улога, по која критичарите ќе ја сфатат сериозно, пишува Дејли Мејл.

Поврзани вести

Љубовен триаголник: Емина Јаховиќ во тајна врска со кошаркар?

Елена Даскалова

Уште една ѕвезда од „Игра на тронови“ заразена со коронавирус

Сопругата на Том Хенкс пуштена од болница

Водителка го исмејуваше Жоакин Феникс

Бора Ѓорѓевиќ оди на лекување

Кристина Денесовска

Што одговори Камила на прашањето дали ѝ недостига Меган Маркл? (ВИДЕО)

Елена Даскалова