Забава

Излезе нецензурирана снимка од тепачката меѓу Ким и Кортни Кардашијан (ВИДЕО)

Излезе нецензурирана снимка од тепачката меѓу Ким и Кортни Кардашијан, по која постарата сестра реши да го напушти шоуто.

Тензиите меѓу сестрите Кардашијан се зголемуваат од недела на недела. Во една епизода од шоуто избувна голема расправија помеѓу Кортни и Ким. Сестрите викале едни на други, а потоа се степале.

Ким ја удираше постарата сестра со нозе и ѝ удри шамар, а Клои се обиде да ги раздели.

– Не сакам секој е**н ден да доаѓам во ова негативно опкружување! Не сакам да бидам ниту близу до твојот дебел задник! вели Кортни, видно вознемирена и на работ на солзи.

Во еден момент Кортни ја удри Ким толку силно што потоа таа ја удри глава од ѕидот, што остави отисок од шминката.

– Беше жестоко. Чувствувам дека Кортни има многу гнев и таа навистина не сака повеќе да снима со нас, но таа не е од типот на човек што ќе дојде и ќе рече „Добро, луѓе, јас веќе нема да снимам“. Но, ќе дојде секој ден со став и лутина и ќе ја истура на сите нас, рече Ким по тепачката.

Ова е првпат девојките да се степаат пред камерите. Кога нивната мајка Крис Џенер ја видела снимката, таа се расплакала. По тепачката на социјалните медиуми фановите напишаа дека Кортни треба да го напушти шоуто, а таа јавно одговори „Веќе го направив тоа“.

Поврзани вести

Почина актерот Десимир Станојевиќ, кого го паметиме од „Среќни луѓе“

Ана и Бастијан во изолација го славеа роденденот на синот (ФОТО)

Никол Кидман мета на осуди поради пластичните операции

Кристина Денесовска

Пронајден мртов убиецот на ќерката на Витни Хјустон

Елена Даскалова

Совет од една Британка – изневерувањето ви помага да останете млади

user2

По скандалот на Беовизија, Бора Дугиќ нема да настапи

Кристина Денесовска