Забава

Како Бред Пит се спаси од Скиентолошката црква?

Пред да стане мегаѕвезда, Бред Пит „флертуваше“ со Скиентологијата три години, а неговата тогашна девојка, актерката Џулиет Луис, го запозна со таа контроверзна вера во раните 90-ти. Неговиот однос со црквата беше прекината, во исто време кога раскина со Луис.

Поврзаноста на Пит со Скиентологијата беше оценета според „процесот на прочистување“ што се одржа во Центарот на славните во Портланд. Поранешниот надзорник на црквата на Пит, Мајкл Мелен, кој помина 40 години во црквата пред конечно да ја напушти во 2014 година, а потоа напиша книга „Brainwashed“, зборуваше за своето време поминато таму.

„Јас бев обучен да бидам супервизор на курсот, затоа бев испратен на обука во „Celebrity Center“ во Портланд. Додека бев таму, ја запознав тинејџерската ќерка на извршниот директор на Скиентолошката црква со седиште во Портланд. Една од работите што ми рече беше дека Бред Пит, кој во тоа време излегуваше со скиентологот Џулиет Луис, спроведуваше прочистување во Центарот“, рече Мелен, кој подоцна и самиот се сретнал со Пит.

Според записите на Скиентологијата, Пит завршил некои терапии во јули 1991 година и посебен курс за „проценка на човекот“ во мај 1993 година. Сепак, самиот процес на иницирање вклучувал невообичаени сесии на кои супервизорите извикуваа и ги навредуваа потенцијалните членови. Мелен тврди дека безмилосно му викал на Пит, кој бил толку лут што заминал и повеќе не се вратил во црквата. Црквата се обиде повторно да го регрутира откако ја напушти во 1993 година, но тој ги одбил сите нивни обиди.

„Се чини дека заклучил дека му е доволно. Тие се обидоа да го вратат назад, но тој никогаш не продолжи со Скиентологијата”, рече Мелен.

Во 1993 година, Пит засекогаш се прости од верата, но и од актерката Џулиет Луис, која сè уште е член на таа контроверзна црква, исто како и нејзините славни колеги Џон Траволта и Том Круз.

Поврзани вести

Видео од црногорската ковид-болница кое ќе ве расположи

Ана Ивановиќ изгледа одлично и по две бремености (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Северина објави жешка фотографија во бикини (ФОТО)

Кајли Џенер ја откри диетата

Карди Би го прослави роденденот на нејзината ќерка: Ти си Божја награда

Влатко Зорба

Џекмен ја откри тајната на својот изглед на 51 година (ВИДЕО)

Влатко Зорба