Забава

Како од мајка родена: Пријателите на актерката воодушевени, ќерката малку засрамена (ФОТО)

Гвинет Палтроу навистина знае како да прослави роденден со стил – познатата актерка во неделата наполни 48 години, а по тој повод се соблече целосно гола и позираше во дворот. Таа веднаш се пофали со провокативната фотографија на Инстаграм, а пријателите и следбениците не го криеја задоволството од она што го видоа – ја преплавија со коментари и комплименти, воодушевувајќи се на нејзината беспрекорна фигура.

– Ништо освен роденденско одело! Ви благодарам многу за роденденските желби – напиша Гвинет, а пријателот и колега Али Вентворт веднаш додаде: „Идеално за фотошопирање на моето лице на вашето тело!“.

Но, во мноштвото коментари, многумина се смееја на она што го остави ќерката на актерката, 16-годишната Епл под фотографијата.

– Па, мамо! – напиша тинејџерката, која очигледно беше малку засрамена поради голотијата на нејзината мајка.

Поврзани вести

Реченици кои привлекуваат добра енергија: Позитивните мисли го зајакнуваат оптимизмот и духот!

Берта Китинска

Ова е најслушаната песна во последните 10 години

Му понудил на момче 10.000 долари или мистериозен клуч – го одбрал клучот

Stefanija Kuzmanovska

На бендот Београдски синдикат им забраниле влез во Црна Гора

Кристина Денесовска

Денеска е Прочка, простете и нека ви биде простено

Кристина Денесовска

“Светот е” е новата песна на Роберт Билбилов и Тамара Тодевска