Забава

Каква готвачка е Селена Гомез? (ВИДЕО)

Поп-sвездата Селена Гомез го објави првиот трејлер за своето долго најавувано кулинарско шоу „Selena + Chef“, кое ќе биде прикажано на стриминг платформата HBO Max. Со оглед на трејлерот, се поставува прашањето, колку добро или ужасно готви пејачката? Таа вели, едноставно очајно.

Во смешниот трејлер, Селена призна дека не е „најдобрата готвачка“, а во неколку наврати сакала да повраќа поради мирисот на октоподот и храната што ја подготвувала.

Серијата ќе има десет епизоди, а е снимена за време на карантинот за време на пандемијата на коронавирус.

„Многу сакам да готвам. Многу пати реков во моето интервју дека да не бев пејачка, ќе се решив за кулинарска кариера. Јас не сум експерт, но за време на изолацијата навистина експериментирав со готвење и тоа ме смири“, рече претходно Селена.

Во секоја епизода, на пејачката ќе и се придружува експерт готвач со кого ќе подготвува храна за гледачите. Тие ќе споделат совети и ќе пробаат нови рецепти заедно, рекоа од „HBO Max“.

Поврзани вести

Спајк Ли му оддаде почит на Коби Брајант на Оскарите

Кристина Денесовска

Овие фотографии од Кејт Мидлтон ја налутија кралицата Елизабета

user2

Ја посетиле Бакингамската палата и зад себе оставиле хаос

user2

Најлошите жени се родени во овие три хороскопски знаци

Поранешниот на Ариана Гранде во врска со ќерката на Синди Крафорд

Кајли Џенер продаде дел од козметичкиот бренд за 600 милиони долари