Забава

Карди Би ја откри вистината зошто се разведува

Раперката Карди Би се вклучи во живо на Инстаграм за да ја каже вистината за разводот со сопругот Офсет. Како што вели, гласините во медиумите не се точни – вистинската причина е што, како што вели, таа е уморна од расправии со маж кој повеќе не го сака.

„Ништо од тоа што го прочитавте во медиумите не е точно, освен фактот дека се разведувам. Поминав четири години во брак со овој човек, имаме едно дете заедно. Уморна сум од тоа постојано да се расправам со него“, изјави Карди.

„Едноставно,тоа е тоа. Јас дури и не пуштив солза кога поднесов барање за развод. Ми се гадеше. Порано плачев поради неговите глупости, но сега веќе не“.

Да потсетиме, раперката неодамна поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Офсет, по три години брак. „Мирор“ пишува дека причината за тоа е измама, но и гласини дека раперот чека дете со друга жена – таа сега го демантираше тоа.

Нивното прво рочиште е закажано за 4 ноември.

Поврзани вести

Тату-ѕвездата Кет Вон Д со голема донација за болниците

Холзи направила скандал на доделувањето на АМА наградите

Ким Кардашијан повторно на суд, фотографот бара милионска отштета

13 факти за петок 13-ти

Елена Даскалова

Амбросио ги „шекна“ сите со црвеното бикини (ФОТО)

Влатко Зорба

Џастин Бибер медитира и се моли за време на карантинот

Влатко Зорба