Забава

Кејт Аптон крена 55 килограми како од шега (ВИДЕО)

Нешто повеќе од една и пол година откако стана мајка, супермоделот Кејт Аптон докажа дека е во животна форма.

Со своите 6,2 милиони следбеници, таа сподели видео од кревање тежина од 55 килограми како од шега.

Снимката е направена во домашната фитнес-сала. Аптон носеше розови шорцеви и качулка со долги ракави.

Кејт зазеде цврст и стабилен став. Ги затвори очите и воздивна за да се подготви за предизвикот. Таа започна да крева тегови под водство на тренерот Бен Бруно. Таа успеа да го крене и спушти седум пати пред да престане да се одмори.

За помалку од 24 часа, видеото го погледнаа скоро половина милион луѓе, а повеќе од 500 коментираа.

„Добра форма“, „Колку си силна“, „Импресивно“, споделија нејзините фанови.

Поврзани вести

Која е вашата најголема опсесија според хороскопскиот знак?

user2

Хороскопски знаци кои ги излудуваат сите околу себе

Кристина Денесовска

Меган Маркл изгуби еден од најважните спорови!

Влатко Зорба

Прв инсерт од „Black Widow“, во него ја има и Македонката Симона (ВИДЕО)

Елена Даскалова

Фановите го нападнаа раперот поради тоа што и го дал на својата ќерка

Мајка ѝ на Меган виновна за „мегзит“?

Елена Даскалова