Забава

Кети Пери за првпат во јавност по породувањето (ФОТО)

Поп-ѕвездата Кети Пери беше фотографирана рано утрово како купува кафе и намирници во локалната продавница во Малибу. Ова е првпат јавноста да има можност да ја види, од моментот кога ја роди ќерката Дејзи Блум.

Кети се породи на 27 август годинава, само еден ден пред да го објави својот нов студиски албум Smile.

На новите фотографии од утрово Кети носи опуштен зелен фустан, капа, очила за сонце и заштитна маска.

Да потсетиме, Кети прв пат ја објави веста за бременоста на почетокот на март, во спотот за песната Never worn white. Двојката подоцна потврди дека очекуваат девојче.

Поврзани вести

Уникатно и креативно: Сара Мејс во време на коронавирус издаде нова песна (ВИДЕО)

Берта Китинска

„Зошто ја мразиш Анџелина Џоли“: На девојката на Бред Пит ѝ било поставено провокативно прашање, а еве како им одговорила (фото)

Никола Поповски

Хари е постојано тажен, му недостигаат пријателите

Кои се најпозитивните особини на вашиот хороскопски знак?

Елена Даскалова

Пред ајварот, Дуа Липа ги присвои и питата, бурекот и сармата (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Ѕвездите на филмот Зараза предупредуваат дека никој не е имун на вирусот