Забава

Кевин Харт ќе стане татко по четврти пат

Кевин Харт и неговата сопруга Енико Париш објавија дека го очекуваат своето второ дете. Американскиот актер веќе е татко на уште две деца од претходниот брак.

Семејството за Кевин Харт расте. Американскиот актер откри на својот профил на Инстаграм дека неговата сопруга Енико Париш во моментов е бремена со нивното второ дете.

„Шестчлено семејство. Благословен“, тој напиша до фотографија од заоблениот стомак на неговата сопруга. На нејзината страница, идната мајка додаде: „Бебе # 2. Со сето она што се случува, ги броиме нашите благослови и не би можеле да бидеме повеќе благодарни што наскоро ќе бидеме шестчлено семејство“, напиша 35-годишната Енико.

Американската ѕвезда има уште две деца, родени од претходниот брак со Тори Харт, со која се разведе во 2011 година по осум години брак – Хевен е роден во 2005 година и Хендрикс во 2007 година. Кевин се ожении за Енико во 2016 година по шестгодишна врска. Во 2017 година се роди малиот Кензо.

Овој среќен настан е во секој случај навремен за двојката, која минала низ тешки периоди во последните месеци. Во септември 2019 година, Кевин Харт беше сериозно повреден во сообраќајна несреќа. 40-годишниот актер беше подложен на операција на грбот.

Поврзани вести

Пипа Мидлтон се криела зад лажно име за да ги избегне папараците

Кендал Џенер добива свое ново реално шоу

Бен Афлек жали што се разведе од Џенифер Гарнер

Елена Даскалова

Меган Маркл сака да се врати на актерската кариера

Елена Даскалова

Бред Пит го доби својот прв актерски Оскар!

Елена Даскалова

Меган Маркл: Не се тие навредени и повредени, ние сме

Елена Даскалова