Забава

Крис Хемсворт станува Хулк Хоган

Австралискиот актер Крис Хемсворт се подготвува за главната улога во претстојниот автобиографски филм за американскиот шампион во борење и ТВ презентер Хулк Хоган, пренесува NME.

„Тоа е навистина забавен проект“, рече Хемсворт. „Лесно е да се претпостави дека за оваа улога ќе мора да тренирам и да градам повеќе мускули отколку за Тор“.

Тој истакна дека ќе мора сериозно да проучува сè што е поврзано со борењето, и исто така рече дека со нетрпение очекува да се сретне „со иконските мустаќи на Хоган“.

„Ќе бидам русокос, можеби со лажна ќелава глава“, рече Крис Хемсворт.

Актерот призна дека сè уште не го видел сценариото на филмот. Проектот, во режија на Тод Филипс („Џокер“), сè уште не е започнат.

„Проектот е во изградба. Јас и Тод Филипс се запознавме пред една или две години да разговараме за деталите, вклучувајќи ја и идејата за филмот, за кој мислам дека може да стане серијал во одреден момент“, објасни Крис Хемсворт.

Фактот дека sвездата „Одмаздници“ ќе глуми во биографскиот филм, стана познат во февруари годинава. Сценариото ќе биде напишано од Скот Силвер („Џокер“, „8 милји“) и Џон Полоно („Градот на гревот“).

Премиерата ќе биде на стриминг платформата Нетфликс. Датумот сè уште не е објавен.

Поврзани вести

Децата на Бред Пит се загрижени за него

Влатко Зорба

Објавена фотографија од несекојдневна спирална галаксија

user2

Принцот Чарлс за прв пат во јавност откако беше откриено дека е заразен со вирусот

Том Хенкс ја напушта болницата, сопругата засега, останува

Избрани мажите на годината за 2019 година

Познатиот актер ќе добие награда за животно дело