Забава

Криси Тејген хоспитализирана во петтиот месец од бременоста поради обилно крварење

34-годишната славна манекенка Криси Тајген е хоспитализирана во петтиот месец од бременоста поради големо крварење од плацентата, пишува Entertainment Tonight.

Ова е нејзина трета бременост, а претходно зборуваше за компликациите со кои се соочувала во последните месеци. Во неделата навечер, таа се јави од болничкиот кревет и ги извести своите фанови дека поминала цел ден и ноќ во болница, откако само лежела во кревет со недели.

„Чудно е затоа што се чувствувам добро. Обично сум многу среќна бремена жена, секогаш добро расположена. Посреќна сум отколку кога не бев бремена. Затоа ми е тешко да прифатам дека тоа се случува“, рече таа во видеото што го објави на „InstaStory“.

„Бебето е здраво и големо. Многу се движи. Едвај чекам да го запознам малото момче“, додаде таа.

„Тој е најсилното мало момче во куќата што се распаѓа“, додаде таа алудирајќи на сопствената матка.

„Сепак, тој немаше добра основа од самиот почеток. Тој не ја доби вистинската можност. Едноставно е тешко затоа што не можете да направите многу. Би било опасно да пробате нешто. Во суштина, ако успеам да преживеам следните неколку недели, и ако момчето успее да преживее во следните неколку недели, тогаш знаете дека најлошото помина“, рече таа.

Таа исто така ги замоли обожавателите да престанат да и даваат медицински совет и да поставуваат дијагнози.

„Ме прави да се чувствувам навистина вознемирено и нервозно и како да сум направила нешто лошо“, рече таа.

Нејзиниот сопруг Џон Леџенд цело време беше со неа во болницата и направил сендвич, кој го сними и објави на Инстаграм.

Двојката веќе ги има четиригодишната Луна и двегодишниот Мајлс заедно.

Поврзани вести

Мајкл Даглас и Зита-Џонс се разведуваат?

Влатко Зорба

Згодната Никол Шерцингер повторно вљубена

Елена Даскалова

Спектакуларен огномет над домот на Цеца во чест на раѓањето на Жељко: Како изгледала синоќешната забава (видео)

Елба: Пандемијата е одговор на планетата Земја на сите злодела што и ги прават луѓето

Влатко Зорба

Зошто канадските војници ќе ловат Покемони?

Никола Поповски

Ова се трите најиритaнтни хороскопски знаци

Stefanija Kuzmanovska