Забава

Лејди Гага го бомбардира Инстаграм со соопштенија за изборите во САД

Поп-sвездата Лејди Гага, инаку позната како социјална и политичка активистка, ги „бомбардираше“ своите социјални мрежи со соопштенија за претстојните претседателски избори во САД во последните неколку дена. Таа ги замолува своите обожаватели да се пријават за да гласаат и да излезат на гласачките места за „заедно да го победат Трамп“.

Имено, поп-sвездата минатата недела објави видео во кое рече дека им се обраќа на обожавателите како Стефани Германота, како што гласи нејзиното вистинско име и дека апелира до сите млади луѓе да бидат „гласот на промената“ во американската демократија.

Таа изјави дека гласот на сите е важен, и дека сите треба да излезат на гласање.

Потоа објави уште неколку фотографии и кратки видеа во обид да ги „инспирира“ фановите да ја „сакаат демократијата“ и „да го користат нивниот глас“.

Таа исто така ги замолила своите фанови да ги „проверат луѓето околу нив“ и да ги охрабрат другите да одат на гласање.

„Ова е важен момент за Америка. Нашата демократија, нашите вредности и нашите права зависат од вашиот глас. Одете на избори “, рече Гага.

Лејди Гага е симпатизер на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Поврзани вести

Се што не сте знеле за Камерон Дијаз

Карлеуша на снимањата на „Звездe Гранда“ се пооскудно облечена (ФОТО)

Stefanija Kuzmanovska

Анализи на ФБИ утврдија кои хороскопски знаци се најопасни

Потресни зборови на поранешниот сопруг на Наја Ривера по нејзината смрт

Влатко Зорба

Кристијано во карантин, а Георгина на шопинг

Амбросио ги „шекна“ сите со црвеното бикини (ФОТО)

Влатко Зорба