Забава

Лејди Гага го нарече Трамп „будала и расист“

„Имам многу да кажам на оваа тема, но првото нешто што сакам да го кажам е дека се плашам дека ќе предизвикам гнев, иако тие емоции се оправдани“. Вака пејачката ја започна својата објава во која го нарече претседателот на САД, Доналд Трамп „расистичка будала“.

Во долга изјава, Лејди Гага се осврна на смртта на Џорџ Флојд и протестите што следуваа.

Пејачката повика на промена на системот во кој претседателот „ги охрабрува расистичките активности“.

„Јас сум толку лута на смртта на Џорџ Флојд, како и на загубата на црни животи во период од стотици години во оваа земја, како резултат на расизмот и корумпираните системи што го одржуваат“, рече Гага.

„Ние одамна знаевме дека претседателот Трамп не успеа. Тој ја има најмоќната функција во светот, но тој не нуди ништо друго освен незнаење и предрасуди додека црните животи сè уште се губат“, критикува пејачката.

„Знаевме дека е будала и расист уште од стапувањето на должноста. Тој охрабрува систем кој е веќе вкоренет во расизмот и расистичките активности и сите можеме да видиме што се случува“, заклучува Гага.

„Време е за промена, тие системи треба да исчезнат“, заклучи повеќекратната добитничка на наградата Греми.

Поврзани вести

Била толку сиромашна што имало денови кога гладувала, а сега се омажи за милијардер

Stefanija Kuzmanovska

Салма Хајек завршила во болница по Оскарите?

Елена Даскалова

Гласините се точни, се разведе сестра ѝ на Бијонсе

Елена Даскалова

Почина познат јужнокорејски актер

Холивудски парови кои добиле деца преку сурогат мајка

15 професии кои ве прават попривлечни за спротивниот пол