Забава

Лејди Гага: Мразам што сум позната, се чувствувам како во затвор

Поп-sвездата Лејди Гага откри дека мрази да биде позната, и дека поради нејзината популарност, се чувствува, како што вели, како да е во затвор.

Таа го изјави ова за време на првата епизода од своето радио шоу „Гага радио“, која ја имаше својата премиера на „Apple music“ во петокот.

„Кога ќе се сетам дека сум Лејди Гага, јас многу се растажувам. Обожавам да сум Гага, но мразам дека немам никаква слобода затоа што сум славна. Се чувствувам како да сум во затвор. Мразам да бидам славна. Да се ​​биде уметник не беше мој избор, во секој случај би се бавела со уметност, но исто така не избрав да бидам популарна“, рече таа за време на шоуто.

Авторот се осврна и на оригиналното име на албумот „Chromatica“, која сакала да го нарече „Free Woman“.

„Најпрво сакав да го наречам албумот „Free Woman“, а идејата ми беше да бидам во кафез на насловната фотографија, како во затвор“, рече таа.

Гага го објави својот нов студиски албум „Chromatica“ на 29 мај годинава, а покрај тоа издаде два сингла – песната „Stupid Love“ и „Rain on Me“, дует со Аријана Гранде.

Поврзани вести

Денеска е трет понеделник во јануари – го нарекуваат уште и „депресивен понеделник“

Елена Даскалова

Евровизија: Српската пејачка ја копирала песната од детски цртан

Кристина Денесовска

Џорџина го шиша Роналдо (ВИДЕО)

Влатко Зорба

7 причини зошто се плашиме од љубов

user2

Северина: Не можам да ја објавувам слики од мојот син како другите мајки (фото)

Никола Поповски

Двејн Џонсон заминува од серијата „Играчи“

user2