Забава

Лејди Гага со нов албум и нов имиџ

Пејачката Лејди Гага во петокот го издаде својот шести албум, дури 12 години по излегувањето на дебитантскиот албум „ The Fame“ кој ја направи ѕвезда. На новиот албум нема ниту една балада, а со истиот музичката дива се враќа во нејзините dance-pop денови.

Иако никој не знае кога Лејди Гага повторно ќе одржи музичка турнеја поради епидемијата на коронавирус, се чини дека на 34-годишната пејачка не ѝ е многу грижа за тоа.

Таа одлучи да ги развесели своите обожаватели и да го објави долгоочекуваниот албум, а потоа, во саботата за првпат се појави во јавноста по долго време. Во друштво на нејзиното момче Мајкл Полански, таа прошета низ делови од Холивуд во опуштено издание.

И Лејди Гага и нејзиното момче носеа маски на лицата, а пејачката носеше необична комбинација. Црни полупроѕирни хеланки, а горе само црн градник. На грбот носеше розов ранец. Тоа е сосема различно од изданието во кое ја видовме на почетокот на годината кога имаше розова коса.

Поврзани вести

Освоил џекпот од 11 милиони евра, но заборавил да се јави да ја подигне

Канје Вест си одбра ново име

Елена Даскалова

Синтија Никсон ја откри тајната за таткото на нејзиното дете

user2

Познат порно актер се соочува со затворска казна од 250 години (видео)

Никола Поповски

Криси Тајген ги извади силиконите, па доби торта со натпис „Гради, почивајте во мир“

Stefanija Kuzmanovska

Кејт Бекинсејл врати на злобните коментари за возраста

Елена Даскалова