Забава

Марго Роби ги кани принцот Хари и Меган на вечера

Sвездата на „Одред на самоубијци“ и „Јас, Тоња“, Марго Роби ги покани принцот Хари и Меган Маркл на вечера и, исто така, коментираше за нивното злогласно откажување од привилегии, пренесува „Sun“.

29-годишната актерка лично го познава 38-годишниот принц и сега одлучи да го поддржи во неговата одлука да се пресели во Канада. Марго забележа дека ги разбира неговите чувства откако ја напушти Австралија да замине за Велика Британија, а потоа и во Соединетите држави.

„Знам колку е важна одлука да се премине половина свет за да живее на друго место. Хари е прекрасен човек, смета Роби.

Таа го познава уште од 2015 година. Двајцата се сретнаа на гости ка британскиот модел Суки Вотерхаус и се забавувале во друштво на Кара Делевинн, принцезата Јуџин и други познати личности.

Сега Марго Роби ја споделува својата желба повторно да го види Хари кога ќе се сретнат на семејна вечера. Актерката планира да го одржи настанот со сопругот Том Акерли и семејството на Хари и Меган, доколку дојдат во Лос Анџелес.

Поврзани вести

Неделен хороскоп: Што ви носат ѕвездите оваа недела, до 1 март?

Елена Даскалова

Актерката од „Грдата Бети“ го очекува своето второ дете

Случувања кои ги сменија кралските семејства во 2019 година

Кристина Денесовска

Најголемите тајни на холивудските легенди

Елена Даскалова

Поради коронавирусот откажано снимањето на холивудската серија во Хрватска

Младенци, празник на љубовта и бракот