Забава

Меган и Хари искешираа 14,6 милиони долари за новиот дом

Принцот Хари (35) и Меган Маркл (39) конечно решија каде сакаат да живеат откако го напуштија кралското семејство во Велика Британија и се преселија во САД.

Имено, војводата и војвотката од Сасекс купиле вила од 18.000 м2 која има 5,4 акри земја во Монтесито, Калифорнија.

Вилата е оддалечена околу 140 километри од Лос Анџелес, и тие не се единствените познати личности во нивната околина.

Некои од нивните познати соседи се водителките Опра Винфри и Елен Деџенерис, актерот Роб Лоу и режисерот Џорџ Лукас.

Хари и Меган, наводно, добиле добра понуда, со оглед дека имотот претходно бил продаден за 29 милиони долари, а тие го купиле за 14.650.000 долари.

Вилата личи на палата со 9 спални соби и 16 купатила, има голем базен, кино, фитнес сала, бања, библиотека, канцеларија, винарска визба, кујна направена во уметнички стил, игри и просторија за забава, тениско игралиште, гаража за пет автомобили и голема игралиште каде што принцот Арчи ќе може да игра со часови.

Во теретаната, инаку, има и шипки за стриптиз, но не се знае дали парот ќе ги задржи или ќе ги „отстрани“.

Имотот е на приватен пат, па парот ќе може да ужива во својата приватност без папараците. Тие исто така можат да уживаат во прекрасниот поглед на океанот и планините, кои ги опкружуваат од сите страни.

Поврзани вести

Кој се ќе глуми од стариот состав во продолжението на популарната Жикина династија (ФОТО)

Осум ѕвезди кои имаа желба да станат политичари

Кристина Денесовска

Хороскопски знаци кои е невозможно да ги заборавите

Царство од бајките во нијанси на сино: Вака изгледа собата на малиот Жељко Ражнатовиќ ФОТО

Stefanija Kuzmanovska

Хари и Меган со последните потези го загрижија кралското семејство

user2

Овој парфем во новото пакување чини колку автомобил

Елена Даскалова