Забава

Меган и Хари живеат во куќа со осум спални соби и 12 купатила вредна 18 милиони долари

Принцот Хари и Меган Маркл се вселиле во ултра луксузниот имот во Беверли Хилс, кој му припаѓа на холивудскиот тајкун Тајлер Пери.

Кралската двојка и Пери никогаш не биле видени заедно во јавноста, но се верува дека се запознале преку заедничката пријателка Опра Винфри.
Војводата и војвотката од Сасекс и нивниот едногодишен син Арчи го нарекуваат овој имот од 18 милиони американски долари свој дом откако се преселија во Лос Анџелес кон крајот на март.

Двојката првично живееше во Ванкувер, Канада, но во последната минута пред да се затворат границите, се преселија во Калифорнија.

Огромната куќа во тоскански стил има осум спални соби и 12 купатила, лежи на имот од 12 хектари во рамките на ексклузивната заедница Беверли Риџ, чувана од чувари, а од големата градина со базен, има прекрасен поглед на Лос Анџелес.

Не е познато дали Меган и Хари го изнајмиле имотот на Тајлер или останале таму како гости, но сигурно е дека не го купиле имотот.

И Пери и Сасекси ја сметаат Опра за ментор, а домаќинот на славниот пар е дури и кума на детето на Пери.

Меган и Хари моментално работат со Опра на документарен филм, но тоа е всушност сè што е познато за нивниот тековен живот во Калифорнија, со оглед на тоа што тие остануваат подалеку од фокусот на медиумите.

Нивниот тим на асистенти им помогна да ја изберат оваа конкретна куќа за нивниот дом, бидејќи таа е внимателно чувана и ќе ја има приватноста која толку долго ја посакуваа во Велика Британија.

Поврзани вести

Џејмс Бонд се збогува со Шон Конери (ФОТО)

Влатко Зорба

Вака денеска изгледаат децата на Бритни Спирс

Елена Даскалова

Зошто пакувањето чипс никогаш не е полно до крај?

Елена Даскалова

Кејт Бекинсејл добивала смртни закани

Влатко Зорба

Забава прекриена во злато: Софија Вергара домаќинка за Денот на благодарноста (ФОТО+ВИДЕО)

Елена Даскалова

Започнува истрага за силувањето на актерката Штајнфелд: Кое е лицето од српската филмска индустрија кое изврши обљуба?

Никола Поповски