Забава

Мелани Грифит изгледа феноменално во долна облека, а нејзината возраст е шок за сите

Мелани Грифит ги воодушеви обожавателите на Инстаграм споделувајќи ги своите последни фотографии во розова долна облека на таа социјална мрежа. Фотографиите на 63-годишната актерка се направени во нејзината бања: Мелани седи на работ на голема, мермерна када, ја покрива косата со голем пешкир.

И, се разбира, изгледа феноменално. Сите тие години се само бројка за неа, никој не верува дека има 63 години.

Нејзините обожаватели и пријатели експресно реагираа на фотографиите со огромни комплименти. Меѓу првите што одговорија беше нејзинaтa колешка Џејми Ли Кертис со краток, но јасен коментар – „WHOA MAMA!“ – додека Румер Вилис, ќерка на Брус Вилис и Деми Мур напиша „изгледаш прекрасно“.

Грифит не објави фотографии само за да покаже колку е сензационално изгледа во седмата деценија од животот. Таа им се придружи на напорите на голем број познати и непознати луѓе и организации ширум светот кои напорно работат во октомври за да ја подигнат свеста за ракот на дојка и да соберат пари потребни за истражување на терапии и лекови.

Така, дел од приходот од продажба на алишта како што Мелани носи на фотографиите, ќе им биде исплатен на организациите кои се борат против ракот на дојка. Исто така, компанијата ќе додаде еден долар во плаќањето за секое споделување на статусот на актерката.

Самата Грифит се соочи со дијагноза на рак – во 2009 година нејзините преканцерозни лезии, тумори на кожата во почетната фаза беа отстранети од нејзиното лице, а во 2017 година болеста се врати. Лекарите потоа и го отстраниле туморот од носот, оставајќи лузна по завршувањето на постапката, за која многумина сметаа дека тоа е резултат на неуспешна козметичка операција.

Нејзиното учество во кампањата го поздравија и нејзините деца – ќерката Дакота Џонсон, која ја има од бракот со Дон Џонсон, синот Александар Бауер кој го роди во нејзиниот втор брак со Стивен Бауер и ќерката Стела чиј татко е нејзиниот трет поранешен сопруг Антонио Бандерас.

Поврзани вести

Кралицата ги поддржа Хари и Меган

Лејди Гага во филм со Бред Пит

Влатко Зорба

Ким Кардашијан со моден гаф

Кристина Денесовска

Бизарани номинации за Нобелова награда за мир

user2

Врз овие хороскопски знаци ретроградниот Меркур има позитивно влијание

Елена Даскалова

Сите ја обвинија Меган за „Мегзит“, но сега е откриено чија била идејата за заминување

Влатко Зорба