Забава

Миа Калифа се врати: Активираше профил на страница за возрасни!

Пред неколку дена Миа Калифа објави дека ќе создаде профил на популарната социјална мрежа „OnlyFans“.

Миа ги воодушеви своите обожаватели преку Инстаграм, кои долго чекаа да го видат продолжението на нејзината работа, откако се повлече од порнографијата во 2014 година.

Таа напиша на својот профил на Инстаграм: „Имам работа со полно работно време … Како сметководител. „OnlyFans“ е социјална мрежа која им овозможува на корисниците да заработат пари со споделување на нивната содржина на неа. Содржината може да биде разновидна, но најчеста е голотијата за која се издвојуваат доста пари. Голем број луѓе од порнографската индустрија и модели се претежно на оваа платформа.

За 12 американски долари можете да ја следите содржината што Миа Калифа ќе ја објави на својот профил, а таа вети дека ќе го покаже своето вистинско јас преку „OnlyFans“, надвор од социјалните мрежи. Таа ја опиша платформата како „Инстаграм без услови на употреба“. Сепак, оваа Либанка разочара многумина, бидејќи најави дека нема да се соблака, односно дека нејзината содржина нема да биде од порнографска природа!

„Конечно добивам самодоверба за тоа што сум и во одлуките што ги носам за себе, и ова е мојот начин да бидам своја надвор од вообичаените социјални медиуми. Сакам да ја вратам мојата моќ, сакам да објавам што сакам и поради тоа се чувствувам добро, многу сум благодарна што сите ја поддржувате оваа дива авантура“- рече Миа Калифа.

Инаку, Миа Калифа повеќе пати истакна како порно индустријата влијаела врз неа. Иако има снимено само 11 филмови, таа сепак е една од најпопуларните актерки во вакви продукции. Како што истакнува и самата, заработила само 12.000 долари од порнографија и се појавила во бројни проблеми затоа што истите тие филмови ги правела во хиџаб (бурка).

Поврзани вести

Викторија Бекам објави невообичаени слики со Дејвид

Бидете внимателни: Овие три хороскопски знаци убедливо се најголемите кавгаџии!

Stefanija Kuzmanovska

Мажите родени во овие три знаци ќе ви ги потрошат најубавите години од животот

Блиска пријателка на Ријана се бори со тешка болест

Елена Даскалова

Роналдо ја запросил Џорџина и размислува да се откаже од фудбалот

Влатко Зорба

Нина Бадриќ покажа како изгледа нејзиниот луксузен дом на Хвар (ФОТО)